Објавено на:

Општина Бутел донираше 22.000 литри вода за пиење за граѓаните на Гостивар

t

Општина Бутел денеска донираше 22.000 литри вода за пиење како поддршка за граѓаните на Гостивар, поради актуелната состојба со водоснабдувањето во градот.

Од Општина Бутел информираат дека донацијата е реализирана со цел да им се помогне на граѓаните на Гостивар во услови на ограничено користење на водата за пиење.

Градоначалникот Дарко Костовски им се заблагодари на членовите на Советот на Општина Бутел за поддршката на оваа иницијатива, како и на општествено одговорните компании од општината кои помогнале во обезбедувањето на донацијата.

„Општина Бутел презеде активности за поддршка и помош на граѓаните на Гостивар и обезбеди 22.000 литри вода за пиење“, соопштија од локалната самоуправа.

Донацијата е дел од активностите за солидарност и помош кон граѓаните на Гостивар додека трае состојбата со водоснабдувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општина Бутел донираше 22.000 литри вода за…

Општина Бутел денеска донираше 22.000 литри вода…

Мицкоски: Очекуваме чиста вода за пиење во…

Гостиварци наскоро ќе добијат чиста вода за…

Општина Гостивар: Се работи на нормализирање на…

Општина Гостивар информира дека Главниот кризен штаб…

СДСМ: „Прво Гостивар, сега Валандово – кој…

СДСМ преку соопштение оцени дека случаите со…

Пронајдени јајца од цревен паразит кај гостиварец…

Поранешниот кандидат за градоначалник на Гостивар од…