Прекината епидемијата во Гостивар – нема нови случаи поврзани со водата
По периодот на зголемен број стомачни тегоби кај жителите, епидемиолошката состојба во Гостивар се стабилизира. Центарот за јавно здравје Тетово донесе одлука за прекинување на епидемијата, откако во последниот период нема регистрирано нови случаи на гастроентеритис и ентероколитис поврзани со водата за пиење.
Информацијата ја соопшти министерот за здравство Сашо Клековски, кој посочи дека актуелните епидемиолошки податоци покажуваат дека состојбата во градот е ставена под контрола.
Нема нови пријавени случаи на стомачни тегоби кои би биле поврзани со водоснабдувањето, што овозможило надлежните здравствени институции да донесат одлука за прекинување на епидемијата.
Клековски се осврна и на бројот на пациенти кои во периодот на епидемијата побарале медицинска помош во гостиварската болница. Тој појасни дека не станувало збор за пациенти кои биле подолго хоспитализирани.
„Во гостиварската болница немаше хоспитализирани пациенти во вистинска смисла на зборот, туку стануваше збор за краткотрајни, 24-часовни задржувања“, изјави министерот.
Со прекинувањето на епидемијата, здравствените власти оценуваат дека состојбата во Гостивар се нормализира, по периодот во кој безбедноста на водата за пиење беше во фокусот на надлежните институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прекината епидемијата во Гостивар – нема нови…
По периодот на зголемен број стомачни тегоби…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори…
„ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен…
Мицкоски: Намерата на СДСМ за Гостивар не…
Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да…
Во четврток ќе биде објавен епидемиолошкиот извештај…
Министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на…
Мицкоски: Како Влада постапивме експресно во случајот…
Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките од…