Општина Карпош даде рок од 15 дена да се отстрани нелегално изградената џамија во Злокуќани

t

Во врска со нелегалното градење верски објект во населбата Злокуќани, од општина Карпош информираат дека во саботата инспекциската служба на Општина Карпош излегла на терен.

-Во моментот кога е извршена контролата не се вршени градежни дејствија. Инспекторатот одреди 15 дена рок за доброволно отстранување на нелегалниот објект и ги повика одговорните лица на средба во општината денеска во 9.30 часот, но истите до сега не се дојдени. Во случај да не биде доброволно отстранет објектот во предвидениот рок, случајот ќе биде пријавен и во државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, велат од локалната самоуправа на Карпош.


Џамијата која се гради во населбата, нема дозвола за градба, а нема ни благослов за изградба од ИВЗ. Според инфомрации на Инфомакс, се работи за џамија која не го следи традиционалното учење на Исламот, туку проповеда вахабизам.

Пред неколку дена почна изградба и на 15-метарско минаре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од стpec се yкочил и полицијата го…

Јавното обвинителство му побара притвор за 22-годишниот…

Пpeгазена девојка на пешачки кај Сити мол

Девојка е прегазена вечерва на пешачки премин…

Муцунски ги презентираше идеите за развој на…

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, денеска…

Изгope возило во Карпош, огнот зaфатил уште…

На 19.01.2022 во 02.10 часот било пријавено…

Јакимовски со барање до надлежните распустот да…

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…