Општина Карпош даде рок од 15 дена да се отстрани нелегално изградената џамија во Злокуќани
Во врска со нелегалното градење верски објект во населбата Злокуќани, од општина Карпош информираат дека во саботата инспекциската служба на Општина Карпош излегла на терен.
-Во моментот кога е извршена контролата не се вршени градежни дејствија. Инспекторатот одреди 15 дена рок за доброволно отстранување на нелегалниот објект и ги повика одговорните лица на средба во општината денеска во 9.30 часот, но истите до сега не се дојдени. Во случај да не биде доброволно отстранет објектот во предвидениот рок, случајот ќе биде пријавен и во државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, велат од локалната самоуправа на Карпош.
Џамијата која се гради во населбата, нема дозвола за градба, а нема ни благослов за изградба од ИВЗ. Според инфомрации на Инфомакс, се работи за џамија која не го следи традиционалното учење на Исламот, туку проповеда вахабизам.
Пред неколку дена почна изградба и на 15-метарско минаре.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Канделабрата во паркот во Карпош ја откорнало…
Од МВР информираа дека е расчистен случајот…
(Видео) Тинејџери убија три лица во џамија…
Двајца тинејџери напаѓачи смртно застрелаа тројца мажи…
Без струја делови од Карпош, Центар и…
Без електрична енергија денеска ќе останат делови…
Мајка нападнала дете во игротека во Карпош
На 17.05.2026 во 22:30 часот во СВР…
СДСМ бара вонредна седница на Советот на…
„После распадот на ЗНАМ, сега пукнатините јавно…