Општините потрошиле најмалку 785 илјади евра за новогодишно украсување, покажува истражување на Центарот за граѓански комуникации

t

36 општини во земјава спровеле тендерски постапки за новогодишно украсување во пресрет на 2026 година, а досега објавените договори достигнуваат вкупна вредност од околу 785 илјади евра, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

Од вкупно 36 општини, 31 доставиле податоци за склучените договори заклучно со 12 јануари 2026 година, додека шест општини сè уште не ги објавиле договорите, иако законскиот рок е 10 дена. Се очекува конечната сума дополнително да се зголеми со објавување на податоците од преостанатите општини.

Најмногу средства за украсување потрошила Општина Штип со над 81 илјада евра, по што следи Град Скопје со околу 69 илјади евра. Кога ќе се соберат и трошоците на останатите скопски општини, во Скопје за новогодишно украсување се потрошени околу 285 илјади евра, што е повеќе од една третина од вкупните трошоци во земјата.

„Доколку кон трошоците за украсување на Градот Скопје се додадат и трошоците од другите скопски општини (Центар, Чаир, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и Карпош) произлегува дека во Скопје за украсувањето за дочек на новата година се потрошени 17.521.584 денари, односно 284.904 евра. Ова е повеќе од една третина од сите пари потрошени за украсување во земјата. Покрај Град Скопје и сите други 6 општини од градот склучиле договор со фирмата Линк Медиа Плус од Скопје,“ пишува во истражувањето.

Истражувањето покажува дека во 81 отсто од тендерите учествувала само една фирма. Просечно, по тендер биле поднесени 1,15 понуди што е далеку под препорачаниот минимум за обезбедување пазарна конкуренција.

Дополнително, речиси сите договори, 30 од вкупно 32, се склучени во декември, дел од нив само две недели пред Нова година. Овој начин на постапување, според анализата, ги ограничува можностите за учество на повеќе фирми и ги фаворизира веќе ангажираните компании, а воедно голем дел од општините не го испочитувале рокот за навремено објавување на договорите.

Истражувањето е направено врз основа на јавно достапните податоци од Електронскиот систем за јавни набавки и ги опфаќа сите општини кои во 2025 година спровеле набавки за новогодишно украсување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…

Царинските управи на Македонија и Косово во…

Американски воен транспортен авион слета во Москва,…

Американски воен транспортен авион утрово слетал на…

15-годишник приведен во Скопје, управувал мотоцикл без…

Вчера во 20:20 часот во Скопје, полициски…

Трамп сака да го преименува езерото Онтарио…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека…

Преку 1.000 хектари со тутун, сончоглед, пченка…

Околу 1.000 до 1.100 хектари, засадени главно…