Објавено на:

Ормут сè уште далеку од нормала – само четири товарни бродови поминале за еден ден

t

Еден од најважните водни патишта на планетата и натаму функционира со драматично намален сообраќај.
Само четири товарни бродови го поминале Ормутскиот Теснец во четвртокот, според прелиминарните податоци на Kpler што ги објави Reuters.

За споредба, десетдневниот просек изнесува околу 16 бродови дневно.

Пред актуелната криза, низ Ормут минуваше околу една петтина од светската трговија со нафта и гас.
Затоа секое подолготрајно нарушување има глобални последици.

Има, сепак, и еден потенцијално позитивен сигнал.

Три танкери за течен природен гас повторно се појавиле надвор од теснецот по неколкудневно отсуство, што може да укажува на постепено обновување на дел од транспортот.

Но ситуацијата останува далеку од нормална.

Дел од бродовите ги исклучуваат транспондерите поради безбедносни причини, што дополнително го отежнува следењето на реалниот сообраќај.

Паралелно, нестабилен е и Баб ел-Мандеб – вториот критичен премин што ги поврзува Црвеното Море и Индискиот Океан.
Тоа значи дека истовремено се под притисок две од најважните енергетски артерии на светот.

Доколку Ормут постепено се отвори, притисокот врз нафтата може значително да се намали.

Но доколку следува нова воена ескалација, пазарите повторно ќе мора да ја пресметуваат можноста за долготрајно нарушување на снабдувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ормут сè уште далеку од нормала –…

Еден од најважните водни патишта на планетата…

Во Хелсинки едногласно усвоена Резолуцијата на Македонското…

Федералната унија на европските националности (ФУЕН), на…

Русија и Западот на чекор до војна:…

Франција можеби веќе спроведува конвенционални воени одговори…

СВР Скопје санкционираше лице за фрлање отпад…

– СВР Скопје санкционираше лице за фрлање…

„Рамбл“ сака да отвори дата центар во…

Владата разговара со шест компании за инвестиции…