Во Хелсинки едногласно усвоена Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“ -Тирана кое бара Пустец да се преименува во Преспа

t

Федералната унија на европските националности (ФУЕН), на својот конгрес што се одржува во Хелсинки, Финска, денеска едногласно ја усвои Резолуцијата поднесена од Македонското друштво „Илинден“-Тирана. Овој чин претставува уште еден голем дипломатски и институционален успех за македонското национално малцинство во Република Албанија.

Со усвоената резолуција, ФУЕН упатува четири клучни барања до албанските и меѓународните институции:

Ратификација на Европската повелба:Република Албанија итно да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици.

Заштита на идентитетот:Да се преземат ефективни и конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет од зачестените притисоци, негирања и асимилација.

Зачувување на Општина Пустец:Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на претстојната нова административно-територијална реформа во Албанија.

Преименување:Општина Пустец официјално да се преименува во Општина Преспа.

Веднаш по гласањето на делегатите, претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во изјава за весникот „Македониум“ го истакна значењето на овој момент.

„Ова е значаен чекор за зачувување на македонскиот јазик, идентитет, култура и сите права на Македонците во Република Албанија. Веќе 11 години, како рамноправна членка на ФУЕН, активно учествуваме во работата на оваа реномирана европска организација и ги застапуваме интересите на нашиот народ. Ова е можност за нови искуства, зајакнување на соработката со другите национални малцинства во Европа и дополнителна афирмација на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција. Со голема гордост го претставуваме македонското национално малцинство на европско ниво“, изјави Ѓурѓај.

Резолуцијата во најкраток рок ќе биде официјално доставена до сите релевантни албански државни органи, како и до клучните меѓународни и европски институции за заштита на човековите и малцинските права.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ одобри присуство на својата воена мисија…

Европската Унија одобри воспоставување присуство на својата…

РТС: Странски компании најавија затворање погони во…

Тешкотии во работењето, намален обем на производство,…

Сиљановска-Давкова: ЕУ треба да го забрза проширувањето…

Европската Унија треба да го забрза пристапниот…

За клиентите на „АЛТА банка” АД Битола…

Народната банка продолжува со постепено олеснување на…

И Тошковски платил сообраќајна казна, вели дека…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави…