Османи бара да се сменат членовите од бугарска страна во Комисијата за историја

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за утринската програма на бугарската телевизија БТВ рече дека во македонската комисија од мешовитиот комитет до сега се променети двајца историчари, а од бугарската страна ниту еден.
За шефот на македонската дипломатија би било добра идеја за преговорите меѓу Софија и Скопје, доколку и Бугарија, како и Македонија, направи измени во составот на Мешовитата комисија за историски прашања.
„Во време кога климата се влошува, а историчарите губат храброст и се трудат да не ги попречуваат политичарите, во овие повеќе од две години, можеме да направиме анализа на досегашното искуство, без да земеме конкретен пример. Досега сменивме двајца претставници во Комисијата, Бугарија нема промена во составот, можеби треба да има корист од нашето искуство, но јас не прејудицирам таков чекор“, рече Османи во интервјуто.
Ова тој го прелдожува една недела по посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје и еден ден пред посетата на делегација од Македонија на Бугарија, при што во Софија двете влади ќе имаат заедничка седница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…
Двајца од повредените во пожарот во кочанската…
Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…
Нема значителна промена во општата состојба на…
Бугарија: Преку 500 луѓе досега дале крв…
Над 500 граѓани во Бугарија досега дарувале…
Таравари од Бугарија: Двајца пациенти се екстубирани…
Двајца од жртвите во пожарот во Кочани,…
Пациентите од Кочани пренесени во Бугарија се…
Тешка е состојбата на настраданите од трагичната…