Османи: ВЛЕН се толку очајни што официјалните средби на еден министер за надворешни работи ги претставуваат како политички определби
Денес навистина мора да се очајни во ВЛЕН, ако дошле до таму официјалните средби на еден министер за надворешни работи да ги претставуваат како политички определби, а секојдневното коалицирање со негирачи на независноста на Косово, негирачи на геноцидот во Сребреница и релативизатори на Охридскиот рамковен договор да го претставуваат како нормалност.
Според оваа логика, требало да биде обвинет Албин Курти затоа што се среќава со Александар Вучиќ, Доналд Трамп затоа што се среќава со претседателот на Кина, или кој било министер за надворешни работи во светот затоа што се среќава со своите колеги од земји со кои има несогласувања.
Дипломатијата не е средба со оние со кои се согласуваш. Дипломатијата постои токму за да се среќаваш со оние со кои не се согласуваш, за да ги браниш интересите на својата држава и да ги унапредуваш нејзините позиции.
Дипломатските средби се уставна и законска обврска. Коалицирањето е политички избор. Тоа се две сосема различни работи кои ВЛЕН или не знае да ги разликува, или се преправа дека не ги разликува.
Соопштението што го објавуваат е соопштение на Кабинетот на претседателот на Србија, кое ги изразува ставовите и приоритетите на српската страна, а не на Република Северна Македонија. Тоа е сосема нормална практика во секој дипломатски однос.
И денес повторно би се сретнал со секој свој соговорник, дури и кога не се согласувам со него, затоа што тоа е должност на министерот за надворешни работи. Но никогаш не би избрал да коалицирам со оние што ја негираат независноста на Косово, го релативизираат геноцидот во Сребреница или ги поткопуваат правата на Албанците.
Тоа е разликата меѓу дипломатијата и политичкото потчинување. Токму таа разлика ВЛЕН денес очајнички се обидува да ја сокрие.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Османи: ВЛЕН се толку очајни што официјалните…
Денес навистина мора да се очајни во…
Известување за граѓаните за неодобрени кориснички профили…
По извршени проверки во системот е-Даночни услуги…
Финалето в недела само втор официјален дуел…
Финалето на Светското фудбалско првенство во кое…
За викендот сончево и многу топло до…
До понеделник времето ќе биде сончево и…
Невремето направи проблеми во Битола: Поплавени домови…
Едночасовниот пороен дожд што вечерва ја зафати…