Известување за граѓаните за неодобрени кориснички профили на е-Даночни услуги
По извршени проверки во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), утврдено е дека над 35.000 граѓани имаат поднесено барање за регистрација на кориснички профил на даночен обврзник – физичко лице, но постапката за регистрација не е во целост завршена, соопштуваат од УЈП.
Во насока на заокружување на постапката, до овие граѓани од страна на Управата за јавни приходи преку електронската пошта [email protected] се проследени персонализирани пораки со насока за понатамошно постапување.
Од УЈП информираат дека доколку сте и вие дел од овие граѓани, повикуваат да се обратите до надлежната канцеларија на Управата за јавни приходи со важечки документ за идентификација, со цел овластено службено лице да Ви ја одобри регистрацијата.
Зошто е важно да имате валиден и активен кориснички профил во системот е-Даночни услуги?
– Ви овозможува користење на услуги преку порталот за електронски услуги – https://uslugi.gov.mk/
– Ви овозможува увид во податоците од Вашата Годишна даночна пријава за данок на личен доход – ДЛД-ГДП;
– Ви овозможува остварување на права како од надлежност на Управата за јавни приходи – издавање на уверение за остварен доход, така и од други институции – Управата за јавни приходи доставува податоци до други институции кои одлучуваат за остварување на права на граѓаните. Овие податоци можат да бидат одлучувачки за остварување на Вашите права.
– Ви овозможува користење на право утврдено со Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физички лица – за да скенирате фискални сметки преку во апликацијата МојДДВ потребно е да имате кориснички профил во системот е-Даночни услуги (Е-ППД).
Оттаму информираат дека даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации можат да се обратат на електронската адреса [email protected] или на телефонските броеви 02/3253-200 и 0800 33 000, а тоа можат да го направат само од фиксните оператори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради закани за атентат од Иран: Американскиот…
Американскиот министер за финансии Скот Бесент е…
Зеленски категоричен: Нема да го предадам Донбас…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли…
Објавата на Топ ченел има политичка заднина…
Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет…
Москва oд Абу Даби: НАТО да се…
Русија го покрена прашањето за враќање на…
ЗАРЕМ И ПО 63 ИЗГУБЕНИ ЖИВОТИ, КОРУПЦИЈАТА…
На денешното судско рочиште, градежните експерти ги…