Невремето направи проблеми во Битола: Поплавени домови на девет локации
Едночасовниот пороен дожд што вечерва ја зафати Битола предизвика поплавување на куќи, дворови и помошни простории на повеќе локации низ градот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Битола.
Според информациите, невремето траело од околу 20:40 до 21:40 часот, а преку бројот за итни повици Е-112 биле пријавени поплави на улиците „Прилепска“ бр. 55, „Ѓорче Петров“ бр. 39, „Партизанска“ бр. 1, „Крсте Нале“ бр. 126, „Коста Абрашевиќ“ бр. 46, „Даме Груев“ кај зградата на АЕК, „Црвена Вода“ бр. 4, „Чеде Филиповски – Даме“ и „Мирче Ацев“ бр. 53А.
За сите пријави биле известени надлежните служби на Општина Битола, а на терен интервенираат екипи на ЈКП „Нискоградба“, во координација со останатите јавни претпријатија и Територијалната противпожарна единица – Битола.
Во моментов се работи на расчистување на одводните шахти и испумпување на водата од поплавените куќи и дворови.
Од РЦУК информираат дека состојбата е стабилизирана, дождот престанал, а водата постепено се повлекува во одводните канали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Невремето направи проблеми во Битола: Поплавени домови…
Едночасовниот пороен дожд што вечерва ја зафати…
Иран тврди дека нападнал американски центар во…
Иранската револуционерна гарда соопшти дека извршила напад…
Србија се приклучува на вселенската програма на…
Србија ги потпиша договорите „Артемис“ во четврток,…
Владата донесе одлука – кризната состојба за…
Владата на денешната седница ја донесе Одлуката…
Преку случај на шверц на кокаин скриен…
Со две правосилни пресуди, скопскиот Апелационен суд…