Османи за изјавата на Димитров: Тајмингот е промашен во давањето на такви квалификации

t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи реагираше на неодамнешната изјава на поранешниот вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров. Според шефот на дипломатијата, Димитров го промашил тајмингот со таквите ставови.

-Не сакам да му реплицирам, затоа што јавноста кажа доволно и беше единствена, иако ретко за кое прашање имало консензус. Тајмингот е промашен во давањето на такви квалификации. Можам само да му посакам успех понатака. Јас не сум имал суштински разлики со него во процесот. Ова се реакции во моментот. Можеби нешто повеќе би кажал во наредните месеци, истакна Османи во емисијата „Само интервју“.

Димитров неодамна изјави дека не му верува на Османи за преговорите со Бугарија.

-Немам целосна доверба во министерот за надворешни работи во однос на прашањето со Бугарија, со оглед на моето искуство на интерните координации, средбите во Брисел. Имам чувство дека таму има ‘драјв’ за успех по секоја цена, што мислам дека е опасен и непродуктивен. Можеби грешам и се надевам дека грешам, смета Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Ние не одбројуваме денови, туку ЕУ

Доколку се има политичка волја, има доволна…

Османи утре во официјална посета на Република…

Министерот за надворешни работи на Република С.…

Османи во Украина: Тоа што го видов…

Во однос на работната посета во Украина,…

Средба на министерката за надворешни на Германија…

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на…

Османи јавно да ги објави македонските одговори…

Пратеникот и претседател на собраниската Комисија за…