Османи за изјавата на Димитров: Тајмингот е промашен во давањето на такви квалификации

t

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи реагираше на неодамнешната изјава на поранешниот вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров. Според шефот на дипломатијата, Димитров го промашил тајмингот со таквите ставови.

-Не сакам да му реплицирам, затоа што јавноста кажа доволно и беше единствена, иако ретко за кое прашање имало консензус. Тајмингот е промашен во давањето на такви квалификации. Можам само да му посакам успех понатака. Јас не сум имал суштински разлики со него во процесот. Ова се реакции во моментот. Можеби нешто повеќе би кажал во наредните месеци, истакна Османи во емисијата „Само интервју“.

Димитров неодамна изјави дека не му верува на Османи за преговорите со Бугарија.

-Немам целосна доверба во министерот за надворешни работи во однос на прашањето со Бугарија, со оглед на моето искуство на интерните координации, средбите во Брисел. Имам чувство дека таму има ‘драјв’ за успех по секоја цена, што мислам дека е опасен и непродуктивен. Можеби грешам и се надевам дека грешам, смета Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…

Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…

Османи: Европската агенда на Македонија мора да…

Враќањето на проширувањето на агендата на Европската…

На денешен ден Заев и Димитров беа…

На денешен ден пред 6 години тогашниот…