Османи на вонредениот состанок на НАТО за Русија и Украина
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска учествуваше на вонредниот состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи, што се одржа преку видео – конференциска врска. Состанокот беше посветен на руското воено групирање околу границата со Украина, како и на други прашања поврзани со европската безбедност.
Вонредниот состанок се одржа во пресрет на закажаниот НАТО-Русија совет и другите состаноци во различни формати, со цел деескалација на кризата и изнаоѓање решение преку не-воени, првенствено дипломатски начини на комуникација.
Министерот Османи ја повтори и поддршката на Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и изрази очекување за мирно решавање на ситуацијата во и околу оваа земја. Ја подвлече важноста на единството и кохезијата меѓу сојузниците, како силна алатка за зачувување на мирот и стабилноста, но и на блиската соработка со ЕУ и другите земји партнери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва го пофали Радев
Москва забележува промена во реториката на Софија…
„Не ѝ служам ниту на Америка, ниту…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека…
Русија и Сирија постигнаа договор за руските…
Сирија и Русија постигнаа договор за иднината…
Нов жесток напад врз Киев, најмалку тројца…
Три лица, меѓу кои и едно дете,…
Foreign policy: Блискиот Исток се обидува да…
Пакистан, Саудиска Арабија и Турција потпишаа договор…