Осум денa притвop за професорот што пpeтепa ученик во Струга

t

Основниот суд Струга го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство и му одредил мерка притвор во траење од осум дена на 57-годишниот професор по англиски јазик, кој вчера со метален боксирач нападнал ученик во гимазијата „Ибраим Темо“.

Основното јавно обвинителство – Струга соопшти дека повело постапка против 57-годишен професор од Струга, за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело „насилство“. Kако што соопшти Обвинителството, oсомничениот вчера околу 12 часот и 30 минути, со боксирач удрил во пределот на главата на оштетениот ученик на возраст од 18 години.

Физичкиот напад, како што е наведено, следел по кратка вербална расправија на осомничениот професор со мајката на оштетениот ученик.

Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Струга достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот на обвинителството и со решение на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена – стои во соопштението на ОЈО.

Средношколците од „Ибраим Темо“ денеска ја бојкотираа наставата и протестираа пред Основниот суд во Струга, со барање за притвор за професорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стружанец ја пријавил сопругата дека го ограбила

Жител на Струга во вторникот лажно ја…

Таткото на Вања останува во притвор!

Александар Ѓорчевски– таткото на 14-годишната Вањa која…

САД и Британија изведоа нови напади над…

Соединетите Американски Држави и Велика Британија започнаа…