Откриени четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација

t

На 19/20.01.2022 од полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, при контрола при влез во државата на четири комбиња за меѓународен превоз на патници, и тоа две „форд“, едно „мерцедес“ и едно „фиат“, од кои три со струмички и едно со скопски регистарски ознаки, управувани од Т.В.(25), П.В.(50), Ч.Т.(28) и М.П.(33), сите од Струмица, било констатирано дека возилата вршат меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Од страна на полициските службеници биле известени инспектори од Одделението за инспекциски надзор на патниот сообраќај во рамки на Државниот инспекторат за транспорт при Министерство за транспорт и врски и се преземаат мерки за комплетно расчистување на случаите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СВР Куманово изрече над 100 санкции за…

Денеска (14.08.2022) во времето од 14 –…

Апсење на патот Кичево – Македонски Брод:…

Денеска (14.08.2022) во 01.30 часот, од полициски…

Голема акција во Косово: Уапсени 18 лица…

Косовската полиција објави денеска дека уапсила 18…

Во Италија уапсени албански сопружници и запленета…

Италијанската полиција во градот Мјештре уапси албанска…

(Видео) ШОКАНТНА снимка од САД: Четиригодишно дете…

САД: Објавена снимката од четиригодишното дете кое…