(Видео) 50 полицајци повредени за време на нередите пред натпревар во Франкфурт
Околу 50 полицајци се повредени како последица на нередите што се случија во Франкфурт на Мајна пред натпреварот меѓу Ајнтрахт и Штутгарт во 12. коло од Бундеслигата, пренесува „Билд“.
На четворица полицајци им била укажана лекарска помош во болница. Покрај тоа има повредени и редари и навивачи.
Судирите меѓу навивачите на Ајнтрахт и органите на редот започнаа на влезот на стадионот. Кон полицијата биле фрлени огномети и шишиња. Натпреварот се одигра вчеравечер и заврши со победа на Штутгарт со 2:1.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синоќа во болница завршиле двајца вработени на…
Синоќа биле повредени двајца вработени на ЈП…
Осум повредени во невремето во Скопје
Осум лица биле пренесени во скопските болници…
Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…
Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…
Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…
Двајца пензионери пријавиле дека 39 годишник ги…
Две повозрасни лица биле физички нападнати на…