Откриен идентитетот: Билјана Кириќ (17) е девојката пронајдена мртва во запалениот автомобил во Богданци, Виктор Гунтаров е обесениот маж

t

Седумнаесетгодишната Билјана Кириќ е девојката која беше пронајдена мртва во трагедијата кај Богданци, заедно со 21-годишниот Виктор Гунтаров. Според првичните индиции на Обвинителството, станува збор за убиство и самоубиство, но точните околности и причините за смртта допрва треба да бидат утврдени.

На трагедијата ѝ претходеле пријави за насилство и закани. Според информациите од надлежните институции, против 21-годишниот маж претходно била водена постапка поради пријавено насилство врз девојката.

МВР потврди дека на 30 септември годинава, околу 21 часот, Гунтаров бил приведен по пријава дека физички ја нападнал својата 17-годишна девојка во неговиот дом. За случајот бил известен јавен обвинител.

На 16 октомври Основното јавно обвинителство Гевгелија примило пријава за загрозување на сигурноста на малолетничката и започнало постапка. Биле определени термини за сослушување и биле издадени наредби за вештачења објави.

Паралелно, во постапка за заштита од насилство, судот изрекол мерки со кои на мажот му било забрането да ѝ се приближува и да ја вознемирува девојката. Според досега објавените информации, мерките сè уште биле во сила кога се случила трагедијата.

Според неофицијалните информации до кои дојде Скопје1, Гунтаров наводно ја чекал Билјана пред теретана во Гевгелија, по што насилно ја внел во автомобил и се упатил кон Богданци. Овие околности засега не се официјално потврдени.

Трагедијата беше откриена на 3 ноември, кога околу 18:40 часот во полицијата било пријавено опожарено возило на местото викано „Ичева чешма“, во месноста Горно Село кај Богданци.

Поврзани теми

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војната меѓу Русија и Украина се шири…

Украинските напади врз руски воени и товарни…

Трамп заработи 15 милиони долари од акции…

Доналд Трамп заработи до 15 милиони долари…

Уапсен таткото на малолетникот кој пукаше во…

Српската полиција го уапси 49-годишниот С. М.,…

Нова кривична за таткото и двете ќерки…

ОВР Крива Паланка поднесе кривична пријава против…

Грција бара работници – повеќе од 46.000…

Грција се соочува со сè поизразен недостиг…