Објавено на:

Трамп заработи 15 милиони долари од акции на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг

t

Доналд Трамп заработи до 15 милиони долари од својот удел во акциите на „Енвидија“, откако цената на акциите на американскиот производител на чипови нагло порасна по изненадувачкото враќање на Џенсен Хуанг на позицијата главен извршен директор.

Хуанг, кој е еден од основачите на компанијата во 1993 година, претходно беше отстранет од управниот одбор по обвинувања дека имал три љубовни афери – една со наводна кинеска шпионка и две со вработени во компанијата. Сепак, управниот одбор на „Енвидија“ го врати на функцијата по интервенција на американскиот претседател.

„Разговарав со нив, да речеме така“, изјави Трамп за Си-Ен-Би-Си во понеделникот. „И ги убедив… Јас го склучив договорот“.

Финансиските извештаи што американскиот претседател ги доставил до Канцеларијата за владина етика покажуваат дека, заклучно со 30 септември (најновите достапни податоци), тој поседувал дури 370.000 акции во „Нвидија“. Оваа информација прв ја објави „Фајненшел тајмс“.

Во понеделникот, акциите на „Нвидија“ скокнаа за 31,5%, зголемувајќи ја вредноста на компанијата за околу 950 милијарди долари. Хуанг се врати во седиштето на компанијата во Санта Клара, Калифорнија, каде што беше пречекан како херој, додека толпа вработени извикуваа: „Џенсен, Џенсен, Џенсен!“

Според анализата на Би-Би-Си на неговите владини финансиски извештаи од последните две години, Трамп купил акции на „Нвидија “ во вредност меѓу 23 и 86 милиони долари. Исто така, откако повторно стана претседател, тој продал дел од својот удел во компанијата, остварувајќи заработка помеѓу 3,5 и 10,2 милиони долари, се наведува во неговите официјални извештаи.

Изненадувачкото и контроверзно враќање на Хуанг на чело на „Нвидија“ – компанија која е во срцето на глобалниот бум во областа на вештачката интелигенција (ВИ) – предизвика силен раст на берзите во азиско-пацифичкиот регион во вторникот.

Рубен Гаљего, демократски сенатор од Аризона, објави на платформата Икс: „Мораме да истражиме какви берзански позиции биле заземени пред објавата. Оваа Бела куќа е најкорумпираната во историјата“. Подоцна тој додаде: „Можеби Трамп го поттикна пукањето на ’меурот‘ во секторот за вештачка интелигенција“.

Економистите оценија дека враќањето на Хуанг ја зголемува веројатноста американските Федерални резерви да ги зголемат каматните стапки, при што се намалува изгледот за скоро пукање на „меурот“ во секторот за вештачка интелигенција

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп заработи 15 милиони долари од акции…

Доналд Трамп заработи до 15 милиони долари…

Уапсен таткото на малолетникот кој пукаше во…

Српската полиција го уапси 49-годишниот С. М.,…

Нова кривична за таткото и двете ќерки…

ОВР Крива Паланка поднесе кривична пријава против…

Грција бара работници – повеќе од 46.000…

Грција се соочува со сè поизразен недостиг…

Шасивари до Али Ахмети: Јазичните права не…

Министерот за правда, Јетон Шасивари, му одговори…