Официјално: Покрај хеликоптер испраќаме и војници како помош за гасење на пожарите во Грција!

t

Владата на Република Македонија, во знак на солидарност и во насока на зајакнување на партнерството и соработката помеѓу Република Македонија и Република Грција, на денешната 63-та седница донесе одлука за испраќање на припадници и капацитети на Армијата во поддршка на гасење на пожари во Грција, соопштија од „Илинденска“.

Според владината прес-служба, се работи за еден вод со вкупно 30 војници, како и хеликоптер со посада и потребни капацитети за гасење пожари.

– Сите потребни мерки и активности за координација со властите во Република Грција, во врска со поддршката при гасењето на пожарите ги презема Министерството за одбрана- Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицотакис најави избори во Грција во мај

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денес, три недели по железничката…

Историска судска победа на македонскиот јазик во…

Центарот за македонски јазик во Грција со…

Заев за признавањето на Центарот за македонски…

Поранешниот премиер Зоран Заев на Фејсбук го…

ДОБРА ВЕСТ: Грција официјално го регистрираше центарот…

Центарот за македонски јазик е официјално регистриран во…