Охрид ги почна подготовките за Водици

Охрид се подготвува за големиот верски празник Богојавление Водици. Започна украсувањето на градот со верски знамиња и чистењето на дното на езерото околу пристаништето.
Богослужбите во охридските парохиски цркви ќе почнат во 7 часот наутро, а литиите од црквите ќе се сретнат на плоштадот неколку минути пред 10 часот и ќе се упатат на пристаништето каде Дебарско – Кичевскиот митрополит Тимотеј ќе го положи Светиот крст.
За безбедноста на капачите ќе се грижи Црвениот крст со медицински тимови вкупно 5 долж крајбрежјето но и во спасителните чамци. Со оглед на тоа дека водата во езерото е 7 степени прилично ладна но и времето студено се препорачува оние кои ќе влегуваат по чесниот крст да бидат внимателни.
Од Црвениот крст апелираат до граѓаните да ги почитуваат протоколите за заштита бидејќи периодов има огромна трансмисија на Ковид вирусот.
Инаку поради Ковид пандемијата, годинава нема да се служи традиционалната рибја чорба, а на 20-ти јануари не е предвидено официјално организирање на Денот на рибарите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Ако пресуши Преспанско, ќе се загрози и…
Преспанското Езеро во Македонија се смета за…
Топка сладолед во Охрид чини и до…
Во екот на летото цените на хотелско-угостителските…
(Видео) Детали за сообраќајната несреќа кај Охрид:…
Едно лице е полесно повредено во сообраќајката…
Тешка сообраќајна несреќа на влезот во Охрид,…
Сообраќајна несреќа кај Горенци во која учествувале…
Пецаков и Тозиевски се кријат од јавноста:…
Веќе втор ден гори депонијата Буково лоцирана…