Охрид ги почна подготовките за Водици

t

Охрид се подготвува за големиот верски празник Богојавление Водици. Започна украсувањето на градот со верски знамиња и чистењето на дното на езерото околу пристаништето.

Богослужбите во охридските парохиски цркви ќе почнат во 7 часот наутро, а литиите од црквите ќе се сретнат на плоштадот неколку минути пред 10 часот и ќе се упатат на пристаништето каде Дебарско – Кичевскиот митрополит Тимотеј ќе го положи Светиот крст.

За безбедноста на капачите ќе се грижи Црвениот крст со медицински тимови вкупно 5 долж крајбрежјето но и во спасителните чамци. Со оглед на тоа дека водата во езерото е 7 степени прилично ладна но и времето студено се препорачува оние кои ќе влегуваат по чесниот крст да бидат внимателни.

Од Црвениот крст апелираат до граѓаните да ги почитуваат протоколите за заштита бидејќи периодов има огромна трансмисија на Ковид вирусот.

Инаку поради Ковид пандемијата, годинава нема да се служи традиционалната рибја чорба, а на 20-ти јануари не е предвидено официјално организирање на Денот на рибарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За скопските општини денеска е неработен ден…

За скопските општини денеска е неработен ден…

Јакимовски: Како претседател ќе се залагам за…

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Стевчо…

Пожар во угостителски објект во центарот на…

Пожар избувна во централниот дел од Охрид.…

(Документи) Се местеле ли тендери за фирма…

Фирма блиска до потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар…