Очевидци раскажуваат: 100 души лежат, фаќаш кој има пулс, тие да ги спасиме
Според очевидци, пожарот започнал кога пиротехнички средства употребени за време на настапот ја запалиле запаливата таванска конструкција на клубот, предизвикувајќи брзо ширење на огнот. Ова предизвикало паника и стампедо, при што многумина се здобиле со сериозни повреди.
Очевидецот Влатко Здравков за „Дојче Веле“ вели дека „Кочани е мртов град“, нема со генерации да се оправат по трагедијата.
Морничаво. 100 души лежат, фаќаш кој има пулс, тие да ги спасиме. Да се стават во коли да се носат. Тие што немаа, јасно ви е, се тргаат настрана. Изгорени, згмечени, загушени, повеќето со изгореници се починати, некои од струја. Тоа се наши деца, ни умреа децата на нас“, рече Влатко Здравков.
Оваа трагедија што нè снајде. Кочани е мртов град, со генерации нема да се оправи. Се чувстуваме како да ни починале нашите деца. Гледавме да ги спасиме прво тие што имаа пулс, околу 100 лица лежеа. Имаше изгорени, загушени од чад, згмечени, некои од струја. Тоа се наши деца, ни умреа децата“, вели Влатко Здравков за „DW Македонски“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…
Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…
„Системот се вика патријархат и е смртоносен“:…
„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ – е…
На денешен ден е роден Михајло Апостолски:…
На 8 ноември 1906 година, во штипско…
Студентите во Тирана одбија партиско преземање: Најавија…
Студенти во Тирана вчера, направија жив ѕид…
148 години од раѓањето на Чупоски: „Ние…
„Вие само ќе треба да му кажете…