„О2“: Toксичната и радиоактивна пепел од РЕК Битола лесно се внесува во организмот!

t

Иницијативата „О2“ реагира на загадувањето и ширењето на радиоактивна пепел од РЕК Битола, откако денес Инфомакс сподели фотографии и видеа од катастрофата што му се случи на пелагонискиот регион.

– На сликите се гледа пепелта од РЕК Битола која се добива како резултат на согорувањето на јагленот, снимена пред месец дена. Вакви слики не смее да има.

☢️ Пепелта е и токсична и радиоактивна, поради присуството на ураниум, ториум, радиум во неа, кои се наоѓаат во мали количини заедно со јагленот кој се ископува.

Честичките од пепелта се толку фини што лесно се внесуваат во организмот.

ОЈО Битола оформи предмет и истражува дали одлагањето на пепел на депонијата се врши согласно пропишаните мерки. Инспекцијата утврдила неправилности.

🟥 Пред 8 години, се испитуваше отворената депонија каде се одлага пепелта и се утврди дека е на границата да стане депонија на радиоактивен отпад.

Професорот Трајче Стафилов тогаш кажа „Она што загрижува е зголемената радиоактивност на оваа пепел. Тоа е познато дека при горење на лигнит пепелта која се добива од согорувањето има зголемена радиоактивност. Ураниум 238, ториум, радиум 222, три до пет пати е поголема радиоактивноста на овие радиоизотопи во пепелта во однос на оваа во почвите. Според правилникот за радиоактивен отпад на РМ, индексот на радијација е блиску до оној кој е максимално дозволен, прашање е дали ќе ја дефинираме оваа депонија како депонија на радиоактивен отпад или не“ – стои во реакцијата на О2.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вака изгледаат 500.000 евра во Битола:…

500.000 евра чинела патеката која се сопнува…

ХОРОР во Битола! Внука се обидела да…

Внука се обидела да ги убие сопствените…

24 години од нападот кај Гајре, во…

Денес се навршуваат 24 години од нападот…

МОН ќе чека да заврши кривичната постапка,…

Од Министерството за образование и наука денеска…

Газди од Битолско измамиле 27 земјоделци, ги…

Сопствениците на компанија од Битолско ќе одговараат…