Објавено на:

Пацоли и порача на Шведска: Најважно е да се продолжи со апликацијата на Косово за членство во ЕУ

t

Претседателот на Алијансата за ново Косово, Беџет Пацоли, му порача на шведското претседателство кое ќе раководи со Советот на Европската унија дека е најважно да се продолжи со барањето на Косово да добие кандидатски статус во ЕУ.

Пацоли на Твитер изјави дека ова ќе претставува стратешки чекор за Косово и за Западен Балкан

„Им честитам на Шведска за претседавањето со Советот на ЕУ и посакувам се најдобро во водењето на ЕУ во следните шест месеци. Најважно е да се продолжи напред со барањето на Косово да добие кандидатски статус. Ова би претставувало стратешки чекор за Косово и Западен Балкан“, напиша Пацоли на Твитер.

Безбедноста, отпорноста, просперитетот и демократските вредности и владеењето на правото ќе бидат четирите приоритети на Шведска која од денеска претседава со Советот на Европската Унија.

Шведската Влада претходно објави дека овие приоритети ги одразуваат позициите што Шведска традиционално ги претставува во Европската Унија, но дека се во согласност и со актуелните геополитички и економски предизвици со кои се соочува Унијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…