Пендаровски: Кој нормален во вакво време размислува за избори?!

t

Шефот на државата Стево Пендаровски вечерва запрашан за денешната изјава дека нема намера да се кандидира за втор претседателски мандат, одговори дека неговите мисли деновиве биле насочени само кон семејствата на жрвите во двојното убиство за кое е осомничен Љупчо Палевски Палчо.

„ Прашањето на вашата колешка беше дали размислувам,  реков не, не размислувам, не знам кој нормален граѓанин во вакви траорни времиња може да размисува за избори, мандат. Имаме време до тогаш, после Нова година. Моите мисли деновиве се насочени само кон семејствата на настрадените. Јас им должам на граѓаните да го изработам до крај мандадот за честа која ми ја овозможија пред четири години“, одговори претседателот Стево Пендаровски.

Претходно, шефот на државата Стево Пендаровски изјави дека не размислува да се кандидира за втор претседателски мандат. Тој само кусо одговори „не“ на новинарско прашање – дали размислува за втор мандат – без да образложи и без да открие повеќе детали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голема победа на СНС во Белград: Листата…

Според проценките на Цесид и Ипсос, врз…

Најкрвавите избори во модерната историја на Мексико:…

Изборите во Мексико, кои ќе се одржат…

Бојмацалиев: МВР работи исклучиво по закон за…

Денеска (24.04.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни…

Владата одлучи: 24 април и 8 мај…

На 16. седница, Владата заклучи 24 април…

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…