Пендаровски на средба со Управата за финансиско разузнавање: Ќе се работи на спречување на перење на пари
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Блажо Трендафилов, директор на Управата за финансиско разузнавање и претставници на Управата.
На средбата се разговараше за тековната работа на управата и активностите во насока на спречување на перење пари и финансирање на тероризам, како и напорите за натамошно зајакнување на сопствените кадровски и технички капацитети на оваа институција.
Претставниците на управата го информираа претседателот Пендаровски и за тековната соработка и координација меѓу сите институции вклучени во системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.
На средбата се разговараше и за меѓународната и регионална соработка на управата, во насока на размена на информации и искуства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Џеј Клејтон e нов директор на националното…
Сенатот на САД го потврди назначувањето на…
Зеленски: Украина има докази дека Русија му…
Украинската воена разузнавачка служба има „неоспорни“ докази…
Њујорк Тајмс: Иранските разузнавачи изразиле отвореност за…
Оперативци од иранското Министерство за разузнавање сигнализираа…
ИДФ кажа кои врвни ирански разузнавачки офицери…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавуваат дека неколку…
Зеленски: Разузнавањето покажува дека Русија не планира…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека…