Џеј Клејтон e нов директор на националното разузнавање на САД
Сенатот на САД го потврди назначувањето на Џеј Клејтон за директор на националното разузнавање.
За изборот на федералниот обвинител за Јужниот округ на Њујорк за нов шеф на разузнавањето гласаа 51 сенатор, додека 47 беа против.
Републиканците во Сенатот се надеваа дека Клејтон ќе биде трајно назначен на функцијата уште минатиот месец, но американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи номинацијата за да му овозможи на вршителот на должноста, Бил Пулти, да остане на функцијата неколку недели по оставката на Тулси Габард во мај.
И републикански и демократски сенатори претходно изразија сомнежи во врска со Пулти, кој немаше искуство во разузнавачката заедница.
Претходното раководство на Канцеларијата на директорот на националното разузнавање најави планови за намалување на бројот вработени во институцијата, која служи како координативен центар за американските разузнавачки служби.
Дел од демократите, пак, изразија загриженост и за Клејтон, откако за време на сослушувањето пред Сенатската комисија за разузнавање пред две недели одби јасно да каже дека Џо Бајден победил на претседателските избори во 2020 година против Доналд Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…