Пентагон ги повлече јавните извештаи за тестирањето на американското оружје
Пентагон го ограничи јавниот пристап до некласифицираните извештаи за тестирање на американското оружје, наведувајќи дека странски противници би можеле со помош на вештачка интелигенција да ги анализираат и да ги откријат слабостите на американските одбранбени системи.
Одлуката ја донела директорката на Канцеларијата за тестирање и евалуација на оружјето, Ејми Хенингер, а Министерството за одбрана на САД ја оцени како превентивна мерка за зајакнување на националната безбедност.
Извештаите, кои повеќе од 25 години беа јавно достапни, сега се префрлени на заштитена мрежа и можат да ги користат само овластени лица со посебни безбедносни дозволи.
Документите содржеа информации за сигурноста, одржувањето и техничките проблеми на голем број американски воени програми, меѓу кои и програмата за борбениот авион Ф-35.
Одлуката предизвика критики од дел од американските законодавци и организации за надзор на работата на владата. Сенаторката Елизабет Ворен предупреди дека ограничувањето на пристапот до ваквите информации може да ја намали транспарентноста и да влијае врз безбедноста на припадниците на вооружените сили.
Од Пентагон тврдат дека извештаите не се сокриени, туку само се преместени на побезбедна локација за да се спречи нивна злоупотреба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени…
Земјотрес со јачина од 7,4 степени според…
Над еден милион патници влегле во Грција…
Над еден милион патници, односно 1.100.000 лица…
Вработен во Итна помош со остар предмет…
Вработен во Итната медицинска помош агресивно се…
ЦУК: Активни три пожари во Македонија
Денеска до 13 часот регистрирани се вкупно…
Камионџиите од Западен Балкан утре на средба…
Превозниците од Западен Балкан утре во Скопје…