Петков: Стратегиска цел за Бугарија е влезот во Шенген

t

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, денеска во Брисел оствари серија работни средби, меѓу кои и со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, соопшти прес центарот на бугарската Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков присуствувал и на свеченоста по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите на холокаустот во Европскиот парламент.

Петков ѝ честиташе на Роберта Мецола за нејзиниот избор за претседател на ЕП и ја повтори својата желба за блиска и плодна соработка. Двајцата разговараа за приоритетите на бугарската Влада и предизвиците пред кои таа е исправена во нивната реализација.

Бугарскиот премиер изјави дека пристапувањето на Бугарија во Шенген останува стратешка цел на Софија и дека смета дека ЕП ќе продолжи да ја поддржува.

Претседателот на Европскиот парламент, Шарл Мишел, му честиташе на бугарскиот премиер за успешните средби со Владата на Република Македонија, како и за мерките за зајакнување на капацитетите на Бугарија со оглед на тензиите меѓу НАТО и Русија. Мишел го увери премиерот дека институциите на ЕУ работат на елиминирање на енергетските ризици за земјите-членки, вклучително и Бугарија.

Премиерот Петков беше примен и од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со која разговараа за Националниот план за закрепнување и одржливост, како и за ситуацијата на границата со Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италијански весник: САД тајно ја убедуваат Бугарија…

Соединетите Американски Држави „преку таен канал“ ја…

100 килограми кокаин запленети на влезот во…

Со „огромен удар врз трговијата со дрога“…

Мицкоски бара Бугарија да го испорача бегалецот…

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека…

ФБИ удри моќна руска хакерска мрежа со…

Бугарија, заедно со САД, Унгарија и Романија,…

Во Бугарија се разгледува решение за проблемот…

Бугарија подготвува нови правила со кои треба…