Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет во односите со Бугарија и историјата и идентитетот надвор од преговарачкиот процес

t

Заменик-министерот за надворешни работи и трговија Зоран Димитровски вели дека позициите на Владата за Бугарија остануваат исти односно реципроцитет во односите и прашањата за историјата и идентитетот надвор од преговарачкиот процес за интеграција на државава.

Димитровски во пишана изјава реагира на објавите на дел од медиумите кои пренеле дека во Софија говорел оти не е проблем Бугарите да влезат во Уставот.

– Неколку медиуми денеска во насловите пренесоа дека на денешната дебата во Софија сум рекол оти не е проблем Бугарите да влезат во Уставот, вадејќи сензационални наслови во таа смисла, што можат да го доведат во заблуда македонскиот читател. За жал, во насловите не се пренесува контекстот во кој што говорев за човековите права, дека истовремено Софија треба да ги имплементира пресудите од Стразбур за регистрирање на здруженијата на Македонците, вели Димитровски во реакцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јотова одби интервју за Си-Ен-Ен, Ѓуров зборуваше…

Кандидатката за нов претседателски мандат Илијана Јотова…

Радев со застрашувачки изјави: Во вториот круг…

Изборите се многу тревожен сигнал за целото…

Каде исчезнуваат „Бугарите“? Само 352 бугарски државјани…

Само 352 бугарски државјани гласале на седумте…

Тесна разлика во Бугарија: Јотова води пред…

При обработени 98,99 отсто од записниците во…

Борисов: Чудно ми е како Радев знае…

Бојко Борисов денеска го искористи своето право…