Пет активни пожари низ Македонија
На ден 24.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни, 1 е под контрола, а 8 се изгаснати.
Активни пожари – 5:
Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (Општина Студеничани), со крак кон с. Палиград и с. Вражале (Општина Зелениково), мешана шума;
Општина Македонски Брод – с. Драгов Дол, м.в. Видуш и кај с. Локвица, ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки;
Општина Илинден – кај Логистичкиот центар на КАМ, ниска вегетација;
Општина Илинден – с. Бујковци, ниска вегетација;
Општина Сарај – с. Бојане, шума.
Пожар под контрола – 1:
Општина Кичево – с. Тајмиште, м.в. Дарда, високостеблеста букова шума.
Изгаснати пожари – 8:
Општина Струмица – ул. Ристо Ќурчиев, ѓубре;
Општина Василево – с. Пиперево, ниска вегетација и ѓубре;
Општина Делчево – с. Бигла, борова и дабова шума и ниска вегетација;
Општина Куманово – ул. Ѓорче Петров, ѓубре;
Општина Јегуновце – с. Туденце, ниска вегетација;
Општина Гостивар – с. Горна Ѓоновица, ниска вегетација;
Општина Гостивар – с. Чајле, ниска вегетација;
Општина Врапчиште – с. Ломница и с. Ѓерѓевиште, мешана шума.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пет активни пожари низ Македонија
На ден 24.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Трамп вели дека Канада ги сака „бенефициите“…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада…
Ужас во Косово: убиена бремена жена, а…
Млада бремена жена вчера била убиена, а…
Екс командант на ОВК со директна закана:…
Поранешниот командант на ОВК, Насим Харадинај, упати…
АХВ уништи над 27,5 тони небезбедно УХТ…
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…