Екс командант на ОВК со директна закана: „Косово, Албанија и Македонија ќе горат во пламен ако бидат осудени поранешните водачи на ОВК“
Поранешниот командант на ОВК, Насим Харадинај, упати директни и застрашувачки закани за можна ескалација на ситуацијата во регионот, истакнувајќи дека Косово, Албанија и Македонија „ќе горат во пламен“ доколку Специјалниот суд донесе осудителна пресуда за поранешните водачи на ОВК на 16 септември. Во своето гостување на телевизијата Т7, тој потенцираше дека не само Косово, туку и целото албанско население ќе реагира жестоко на каква било затворска казна за Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, пренесе косовскиот медиум „Зери“.
Харадинај истакна дека е запознаен со најавите за славење од страна на одредени поединци во случај на осудителна одлука, но им порача дека оние што планираат да празнуваат, самите ќе изгорат во тој оган. Според него, судскиот совет во Хаг не смее да носи одлуки кои можат целосно да ја нарушат стабилноста на регионот, предупредувајќи дека евентуална таква пресуда целосно ќе ги преврти работите на терен и ќе иницира неконтролиран хаос. објавува Журнал.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ужас во Косово: убиена бремена жена, а…
Млада бремена жена вчера била убиена, а…
Екс командант на ОВК со директна закана:…
Поранешниот командант на ОВК, Насим Харадинај, упати…
АХВ уништи над 27,5 тони небезбедно УХТ…
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…
Филипче до Левица: Откажете се од „мајка…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска порача…
Николоски: Владата прави се што е во…
Владата има целосно разбирање за македонските транспортери,…