Пецаков по одлуката на УНЕСКО: Следува уште поинтензивна работа за заштита на Охридскиот регион

t

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, ја поздрави одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, со која Охридскиот Регион не беше впишан на Листата на светско наследство во опасност и доби дополнителен рок до 1 февруари 2031 година за исполнување на препораките.

Пецаков оцени дека ваквата одлука е резултат на заедничките напори на локалната и централната власт, институциите и сите вклучени чинители, нагласувајќи дека таа претставува значајна можност, но и голема одговорност.

Тој истакна дека Општина Охрид и во наредниот период ќе продолжи уште поинтензивно со спроведување на мерките за заштита на природното и културното наследство. Како приоритети ги посочи реализацијата на капитални еколошки проекти, одговорното урбанистичко планирање, унапредувањето на системите за заштита на животната средина и доследното исполнување на препораките на УНЕСКО.

Според Пецаков, зачувувањето на Охридскиот Регион е заедничка обврска на локалната и централната власт, институциите и граѓаните. Тој изрази уверување дека преку добра координација, континуирана посветеност и соработка со Република Албанија ќе бидат реализирани потребните активности за трајна заштита на Охридскиот Регион како светско природно и културно наследство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пецаков по одлуката на УНЕСКО: Следува уште…

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, ја…

Над половина милион домаќинства во Холандија се…

Повеќе од половина милион домаќинства во Холандија…

Србија повторно во центарот на меѓународниот шверц…

Две големи пратки запленети во Либерија и…

Десетмина загинати и околу 100 повредени во…

Десет луѓе загинаа, а околу 100 се…

Македонци измамиле мајка од Врање: Ѝ зеле…

Жена од Врање останала без повеќе од…