Пецаков по одлуката на УНЕСКО: Следува уште поинтензивна работа за заштита на Охридскиот регион

t

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, ја поздрави одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, со која Охридскиот Регион не беше впишан на Листата на светско наследство во опасност и доби дополнителен рок до 1 февруари 2031 година за исполнување на препораките.

Пецаков оцени дека ваквата одлука е резултат на заедничките напори на локалната и централната власт, институциите и сите вклучени чинители, нагласувајќи дека таа претставува значајна можност, но и голема одговорност.

Тој истакна дека Општина Охрид и во наредниот период ќе продолжи уште поинтензивно со спроведување на мерките за заштита на природното и културното наследство. Како приоритети ги посочи реализацијата на капитални еколошки проекти, одговорното урбанистичко планирање, унапредувањето на системите за заштита на животната средина и доследното исполнување на препораките на УНЕСКО.

Според Пецаков, зачувувањето на Охридскиот Регион е заедничка обврска на локалната и централната власт, институциите и граѓаните. Тој изрази уверување дека преку добра координација, континуирана посветеност и соработка со Република Албанија ќе бидат реализирани потребните активности за трајна заштита на Охридскиот Регион како светско природно и културно наследство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска: Македонската Армија покажа дека и мала…

Претседателката и врховна командантка на Вооружените сили,…

Тешко повреден возач на мопед во сообраќајка…

На 15.10.2026 околу 15:45 часот во СВР…

Внукот на Тоше, Кристијан, со емотивна објава…

Кристијан Ристески, внукот на Тоше Проески, со…

Регистрирал возила, а парите си ги ставал…

Од МВР поднесоа нова кривична пријава поради…