Објавено на:

Над половина милион домаќинства во Холандија се соочуваат со енергетска сиромаштија

t

Повеќе од половина милион домаќинства во Холандија минатата година се соочиле со тешкотии при плаќањето на сметките за енергија, покажуваат најновите податоци на Истражувачкиот институт ТНО и Холандскиот завод за статистика.

Според извештајот, околу шест проценти од сите домаќинства во земјата се погодени од комбинацијата на ниски приходи и високи трошоци за енергија.

Домаќинствата со најниски примања и највисоки сметки во просек имале недостиг од 624 евра годишно за да ги покријат основните енергетски потреби, што претставува зголемување во однос на претходната година, кога просечниот недостиг изнесувал 577 евра.

Проблемот е најизразен кај сопствениците на недвижности и семејствата што живеат во енергетски неефикасни домови.

Според анализата, сиромашните домаќинства трошат во просек околу 12 проценти од своите приходи за енергија, додека просечното холандско домаќинство за оваа намена издвојува околу пет проценти.

Експертите проценуваат дека би биле потребни околу 256 милиони евра за целосно извлекување на најзагрозените домаќинства од енергетската сиромаштија.

Во моментов, државниот фонд за итна енергетска помош располага со околу 200 милиони евра, но сè уште не е соопштено на кој начин средствата ќе бидат распределени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…

„Во куќата на Зоран Заев во Грција…

„Фемицидот мора да се спречи пред да…

Мирен протест со пораката „Стоп за фемицидот“…

Студентската листа ја освои Србија, сега отвора…

Претставници на Студентската листа, која победи на…

Меџити: Не размислуваме секогаш исто со Мицкоски,…

Копретседателот на Вреди Изет Меџити, во изјава…

МНОЗИНСКИОТ СОПСТВЕНИК ВО „ИЛОВИЦА“ ИНВЕСТИРА НАД МИЛИЈАРДА…

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата…