ПИОМ: Пензиите се сигурни, нема ризик за исплатата и здравствените услуги

t

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ) уверува дека пензионерите немаат причина за загриженост по објавувањето на конечниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на институцијата во 2024 година. Од Фондот порачуваат дека исплатата на пензиите продолжува редовно, а здравствените права на пензионерите остануваат целосно обезбедени.

Во реакцијата се нагласува дека финансиската стабилност на Фондот не е нарушена и дека нема никаква закана за функционирањето на пензискиот систем.

Од ПИОМ објаснуваат дека зголемените обврски кон Фондот за здравствено осигурување и кон вториот пензиски столб се резултат на историското зголемување на пензиите, а не на проблеми во работењето на институцијата. Според нив, со последните одлуки пензиите на околу 347.000 пензионери се зголемени за приближно 7.000 денари месечно, што на годишно ниво значи дополнителни околу 30 милијарди денари исплатени средства.

Бидејќи придонесите за здравствено осигурување се пресметуваат како процент од висината на пензијата, растот на пензиите автоматски довел и до повисоки обврски по оваа основа. Од Фондот потенцираат дека токму подобрувањето на стандардот на пензионерите е причината за зголемените износи, а не финансиски тешкотии во системот.

Реакцијата следува по ревизорските наоди според кои до крајот на февруари годинава ПИОМ имал обврски од 136,4 милиони евра за здравствено осигурување на пензионерите, додека кон приватните пензиски фондови останале нераспределени придонеси во вредност од 42,2 милиони евра.

Од ПИОМ потсетуваат дека ревизијата го опфаќа работењето во текот на 2024 година и дека актуелното раководство ја презело институцијата дури во последниот квартал од годината. Според нив, дел од забелешките на ревизорите се однесуваат на системски проблеми нотирани и во претходни извештаи.

Во меѓувреме, велат од Фондот, веќе се преземени активности за подобрување на јавните набавки, зајакнување на внатрешните контроли, унапредување на финансиското управување и средување на административните евиденции. Тврдат дека најголем дел од слабостите поврзани со тековното административно работење се надминати и дека новите механизми значително ќе го намалат ризикот од повторување на истите проблеми во иднина.

Инаку, ревизорскиот извештај укажа и на високата зависност на ПИОМ од буџетските трансфери. Според податоците, во 2024 година тие учествувале со 36,71 проценти во вкупните приходи на Фондот, што претставува раст од 4,14 проценти во однос на претходната година. Ревизорите забележуваат и влошување на односот меѓу бројот на осигуреници и пензионери, при што на еден пензионер сега доаѓаат 1,63 осигуреници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПИОМ: Пензиите се сигурни, нема ризик за…

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ)…

Исплатата на пензиите продолжува редовно, пензионерите да…

Министерството за социјална политика, демографија и млади…

Тренчевска: Со ВМРО-ДПМНЕ дупката во ПИОМ достигна…

Пратеничката од Социјалдемократаскиот сојуз на Македонија, Јованка…

„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме…

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од…

Левица: Беџети од Алтернатива бил директор на…

Дритан Беџети, кадар од партијата Алтернатива на…