Исплатата на пензиите продолжува редовно, пензионерите да не подлегнуваат на дезинформации и шпекулации
Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека исплатата на пензиите се одвива редовно и без промени. Сите пензии се исплаќаат согласно важечките законски одредби.
Во врска со информациите за постапката во Уставниот суд, Министерството појаснува дека отворањето постапка не значи укинување или измена на мерките што во моментов важат. Сите законски решенија остануваат во сила до донесување конечна одлука од Судот.
Министерството апелира до пензионерите да не подлегнуваат на дезинформации и шпекулации. Каква било евентуална промена во законската рамка ќе биде навремено и транспарентно соопштена,.
Социјалната сигурност и стабилноста на пензискиот систем остануваат врвен приоритет на Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: „На Филипче ништо не му чини…
Венко не може да ги обвинува сите…
ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и…
Оние кои и ги направија најголемите предавства,…
Од утре пензиите ќе бидат зголемени, но…
Од 1 септември, во согласност со Законот…
Манасиевски: Филипче на одмор кај Заев во…
Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со…
ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од морбидните пораки, институциите…
ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека е згрозена од,…