Објавено на:

Повеќе од половина од албанските семејства не можат да си дозволат еднонеделен одмор годишно

t

Повеќе од половина од семејствата во Албанија не можат да си дозволат еднонеделен одмор далеку од дома, во текот на годината, што ја рангира државата меѓу земјите со највисоко ниво на економска сиромаштија во Европа.

-Според податоците на Евростат, кои за Европа се однесуваат за 2025 година, околу 53 отсто од семејствата во Албанија не можат да си дозволат еднонеделен одмор. Албанија е на второ место, по Романија, каде што овој процент надминува 60 отсто. Турција е рангирана по Албанија, со околу 51%. Податоците покажуваат дека неможноста за одмор е особено распространета во земјите од Југоисточна Европа и во економиите со пониски приходи, објавија албанските медиуми.

Во овој показател, Албанија е многу послаба од регионот. Во Србија, околу 36% од семејствата не можат да си дозволат одмор, додека во Бугарија и Унгарија процентот достигнува приближно 39%. Италија регистрира ниво од околу 36%, додека Португалија, Хрватска и Шпанија варираат во опсег од 32-33%.

-Просекот во Европската Унија е околу 27%, речиси половина од нивото забележано во Албанија. Ова значи дека неможноста за еднонеделен одмор пропорционално влијае на речиси двојно повеќе албански семејства отколку во ЕУ. Најниските проценти се забележани во Швајцарија и Норвешка, каде што помалку од 10% од семејствата не можат да си дозволат еднонеделен одмор, како и во Луксембург, со околу 11 отсто, наведуваат медиумите.

Констатираат дека позицијата на Албанија го одразува ниското ниво на приходи на домаќинствата и ограничениот простор што останува за несуштински трошоци, по покривањето на трошоците за храна, домување, енергија и транспорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица го освои Берлин, кој првпат може…

Победата на крајнолевичарската партија Левица на вчерашните…

Личните документи ќе ги имаме на мобилен…

Мобилната апликација м.Услуги (m.Uslugi), е национална дигитална…

ТРАМП: Голем број руски рафинерии се надвор…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно повика на…

Европа подготвува црвена линија кон Москва: Што…

Европските министри за надворешни работи ќе се…

Европа се соочува со огромен недостиг од…

Европската енергетска криза може да добие нова…