Повредени 22 лица: Детали за сообраќајната нeсреќа која вчера се случи во битолско

t

На 03.02.2022 во 14.39 часот на ул.„Воден“, во близина на бензинска пумпа во Битола, кај „Краварски пат“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди А7“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(20) од с.Жабени, битолско и автобус „мерцедес“, со ресенски регистарски ознаки, управуван од Н.Б.(52) од с.Јанковец, ресенско, при што удриле во паркирано влечно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.Б., а со телесни повреди возачот Б.Б. и патниците во автобусот Љ.Д.(25), Г.С.(48) и Ф.Ѓ.(31), тројцата од с.Јанковец, ресенско, Ј.Н.(42) од с.Златари, ресенско, С.Ј.(50) и С.Ј.(50) од с.Лева Река, ресенско, Ф.З.(52), И.М.(40), А.К.(28), М.Н.(47), Б.Г.(28) и В.П.(66), Н.Ѓ.(60), Ж.Ц.(51), Љ.А.(60), И.Р.(57), В.П.(42) и А.Б.(37), сите од Ресен, како и Ф.Т.(25) и Е.Т.(50), двајцата од с.Избишта, ресенско, констатирани во Клиничката болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА: Руски борбен авион…

Во Иркутск авионот Су-30 се урна врз…

Хорор во САД: Авион удри во зграда,…

Мал авион се урна во американската сојузна…

(Фото) Страшна несреќа во Хрватска: Се судрија…

Товарен и патнички воз се судриле вчера…

Јужниот дел од Мексико погоден од ураганот…

Агата, најсилниот ураган во историјата, што во…

Експлозија во Филаделфија: Најмалку 4 лица загинаа…

Најмалку четири лица загинаа по експлозија во…