ПОВТОРНО КАДАР НА ДУИ ИМЕНУВАН ЗА ЗАМЕНИК-ДИРЕКТОР НА АНБ, ОВОЈ ПАТ ОД ВЛАДАТА НА ДПМНЕ
ПОВТОРНО КАДАР НА ДУИ ИМЕНУВАН ЗА ЗАМЕНИК-ДИРЕКТОР НА АНБ, ОВОЈ ПАТ ОД ВЛАДАТА НА ДПМНЕ
Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ го именувала Бесник Ферати на позицијата заменик-директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).
Бесник Ферати како кадар на ДУИ беше заменик и на претходниот директор Еролд Муслиу кој го следеа бројни скандали, а за кои ревносно реагираа токму и од сега владејачката ДПМНЕ.
Иако Законот јасно наведува дека директорот и неговиот заменик, како и вработените во АНБ не смеат да бидат членови на политички партии – Ферати е познат како кадар на ДУИ и според информациите, близок со Артан Груби и Али Ахмети.
Дополнително, за Ферати постојат и информации кои велат дека е поврзан со разни кланови и “бизнисмени” со сериозен криминал.
Пред две години од претходниот и актуелен заменик-директор на АНБ, Бесник Ферати, излезе снимка каде тој заедно со ексминистерот Крешник Бектеши мавтаат со албанско знаме за што беа крајно изреволтирани членовите на ДПМНЕ и се надеваа, апелираа до нивниот лидер кога ќе дојде на власт да ја расформира тогашната структура на АНБ. Сепак, евидентно, тоа не се случи, а наместо реформирање, денешната власт ги продолжува истите практики и ги рехабилитира контроверзните кадри на претходната владејачка коалиција СДСМ–ДУИ.
Нејасно е и дали, а доколку да – како Бесник Ферати го поминал полиграфското тестирање за проверка на професионалниот интегритет, за кое се најавуваше дека од февруари годинава конечно ќе профункционира?!
Може да се заклучи дека АНБ е еклатантен приемр на „како до сега” владеењето. На чело имаме директор од владејачката партија со крајно спорни дипломи, а негов заменик е кадар на ДУИ.
#Левица
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И реките Тополка и Бабуна загадени, не…
Најновите анализи што ги изврши Центарот за…
(Видео) Трамп се пофали дека го нарекувале…
Американскиот претседател Доналд Трамп доживеа незгоден момент…
„Не сум против фрлање јајца, за дијалог…
Лидерот на Самоопределување и вршител на должноста…
Германија го заострува ставот за мигрантите, бара…
Германија го заострува ставот кон враќањето на…
Тешка сообраќајна несреќа кај Козјак: седуммина завршија…
Седум лица се повредени, од кои едно…