Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по цена на човечки животи, како во времето на СДС и Филипче
СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против сѐ во оваа држава, само за Македонија да не успее. За да не успееме како држава тие ќе бидат и против центри за податоци, и против странски инвестиции, и против влез на високи технологии. Подготвени се да бидат и против нови вработувања – само Македонија да пропаѓа како што пропаѓаше седум години. Се покажа во минатото на неговиот патрон чија одлика е да работи сѐ спротивно на македонските граѓани и национални интереси, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од фејсбук статусот на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
Нагласува дека ќе продолжат да работат за иднината и напредокот.
-За нивно жалење, ќе има и нови инвестиции во високи технологии и ќе се развива Македонија во дигиталната сфера. Тоа никогаш нема да значи компромис со животната средина, воздухот и водата. Ние не сме луѓе кои ќе дозволат, заради матни тендери, живи да изгорат пациенти во болници. Или да немаат една контрола за чистота на вода со години, а да вршат функција министер за здравство, вели Андоновски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски и Андоновски: Електронски лични документи и…
Денеска (19.04.2024) министерот за внатрешни работи Панче…
(Документи)Македонската Православна Црква ќе се преименува, не…
Бидејќи се поделивме по сите основи, без…
Божиќно пocлание на г.г. Стефан: Да подариме…
Божјата љубов кон нас се покажа во…