Објавено на:

Поднесено обвинение против Ендрју Тејт за трговија со малолетници и перење пари

t

Романските обвинители денеска поднесоа обвинение против инфлуенсерот Ендрју Тејт за трговија со луѓе, перење пари, сексуални односи со малолетно лице и влијание врз сведоци.

Британските медиуми пренесуваат дека во обвинението е вклучен и брат му Тристан Тејт, кој е обвинет за соучество во неколку кривични дела.

Браќата Тејт, поранешни кикбоксери со американско и британско државјанство, беа уапсени на Мајами кон крајот на јули откога Велика Британија побара нивна екстрадиција, а потоа случајот беше препратен до трибуналот во Букурешт.

Обвинителите тврдат дека обвинетите заработиле повеќе од 1,25 милион долари со сексуално искористување малолетни жртви.

Според обвинението, помеѓу 2012 и 2021 година Ендрју Тејт наводно регрутирал малолетничка и сексуално ја експлоатирал во Велика Британија и Романија.

Жртвата наводно била принудена да произведува порнографска содржина, а обвинетиот потоа ги продал тие снимки.

Се додава дека во периодот од декември 2020 до средината на 2021 година инфлуенсерот имал сексуални односи со друга малолетна жртва, која имала 15 години.

Обвинителите тврдат дека браќата, во периодот од декември 2023 до јули 2024 година, купиле и регистрирале четири автомобили на име на доверливи лица, со цел да го скријат потеклото на парите добиени од криминални активности.

Побарано е конфискација на четири луксузни автомобили, чија вкупна вредност се проценува на 825.000 евра, како и 1,25 милион долари, за кои обвинителите тврдат дека потекнуваат од експлоатација на малолетничката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поднесено обвинение против Ендрју Тејт за трговија…

Романските обвинители денеска поднесоа обвинение против инфлуенсерот…

Млад кавадарчанец со фалсификувано свидетелство од скопско…

ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци…

Вучиќ: Подготвен сум да бидам премиер

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се…

Бројот на рецепти за лекови за слабеење…

Бројот на рецепти за лекови за слабеење…

Зеленски: Виткоф и Кушнер ќе го посетат…

Американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер…