Пожарот кај Студеничани се шири – Во друг пожар настрадало и гнездо од штрк
Во изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Најсериозна е состојбата на подрачјето меѓу општините Студеничани и Зелениково, каде огнот се шири на потегот од Моране, Вртекица и Рамни Габер кон Палиград, како и над селото Вражале. Зафатена е мешана шума.
Активни се и пожарите во гостиварското село Трново, каде гори мешана шума, и над селото Нежилово во Општина Чашка, каде огнот зафатил смрека.
Пожарот кај кичевското село Тајмиште, во месноста Дарда, е ставен под контрола. Таму горела високостеблеста букова шума.
Во текот на деноноќието се изгаснати уште 25 пожари на повеќе локации низ земјава, меѓу кои во Струмица, Василево, Делчево, Куманово, Јегуновце, Гостивар, Врапчиште, Демир Хисар, Пробиштип, Илинден, Сарај, Чаир, Студеничани, Арачиново, Македонски Брод, Новаци, Петровец, Берово, Карбинци и Чешиново-Облешево.
Според ЦУК, во пожарите гореле ниска вегетација, стрништа, сува трева, грмушки и шумски површини, а на одделни места биле зафатени и отпад, слама, објекти и гнездо од штрк.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожарот кај Студеничани се шири – Во…
Во изминатото деноноќие на територијата на државата…
Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат откако…
Цените на суровата нафта продолжија да паѓаат…
Путин со нов указ: Државата ќе презема…
Рускиот претседател Владимир Путин издаде указ со…
Трамп подготвува укинување на околу 200 илјади…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува…
Топло до 38 степени, а потоа невреме:…
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и…