Путин со нов указ: Државата ќе презема контрола врз небезбедните стратешки објекти
Рускиот претседател Владимир Путин издаде указ со кој ѝ се дозволува на државата привремено да презема контрола врз стратешки важни инфраструктурни објекти, доколку тие не се доволно заштитени од украински напади со дронови и други закани.
Според указот, државата ќе може да ги презема контролата, имотот и сопственичките права доколку компаниите одговорни за објектите не ги исполниле обврските за нивна заштита или доцнат со нивната обнова по претрпените напади.
Овие мерки се однесуваат на објектите во секторите за гориво, енергетика, индустрија, комуникации, транспорт и логистика, кои се од клучно значење за безбедноста и економската стабилност на земјата и населението.
Указот се донесува во услови на засилени украински напади врз руските рафинерии за нафта и складишта за гориво.
Минатата недела Путин ѝ нареди на Владата да започне програма за обнова на трговските магацини оштетени или уништени во украинските напади изминативе недели.
Од 18 јули наваму, Украина нападна најмалку дваесетина магацини на најголемиот руски онлајн трговец „Вајлдберис“.
Денеска и вториот по големина онлајн трговец во Русија, „Озон“, соопшти дека четири негови логистички центри во јужна Русија исто така биле цел на напади.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…