Пожар во семејна куќа во Велес, пожарникарите спречија огнот да ја проголта целата куќа

t

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес синоќа спречила проширување на пожар што избувнал во дневна соба од семејна куќа на улицата „Глигор Прличев“ број 8 во Велес.

Како што информираат од ТППЕ Велес, дојавата за пожарот била примена во 19:08 часот, по што веднаш на терен биле упатени едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

По пристигнувањето на местото на настанот, пожарот бил затекнат во развиена фаза во дневната соба од објектот. Сепак, со навремена и пожртвувана интервенција, пожарникарите успеале да го локализираат и изгаснат пожарот, спречувајќи негово проширување кон останатите простории и целосно зафаќање на куќата.

Од ТППЕ Велес апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни во периодот на високите температури и суша, бидејќи и најмала искра може да предизвика пожар.

Воедно, тие потсетуваат дека при забележување пожар, граѓаните треба веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 или 112.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хоџа: Инвестициите во еколошки технологии носат почист…

Напредокот на терен е очигледен, а зелениот…

(Видео) Студентите предводеа национален протест во Тирана,…

Студентите и поддржувачите на албанската опозиција денеска…

Расте бројот на загинати во Краков, напаѓачот…

Бројот на загинати во вооружениот напад што…

Македонската таеквондистка Душица Брсалиева освои злато на…

Четири борби, четири победи и ниту една…

Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во…

Шпанската цивилна гарда истражува откако телото на…