Покрај забрана за приближување двајца во Малешевијата ги малтретирале сопругите

t

Полицискиот билтен нотира непослушност кај наслниците, па така двајца мажи од Берово и од Пехчево и покрај забраната за проближување на сопругите, сепак отишле кај нив и ги малтретирале. Помлад брат натепал постар, а Гевгеличанец ја следел и демнел девојката со која бил во врска

На 13.11.2026 во 22:30 часот во село во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициска канцеларија Македонска Каменица го лишија од слобода Ф.А.(22) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом упатувал закани и физички го нападнал неговиот 30-годишен брат. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.Д.(50) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда”. На 01.11.2026 и на 03.11.2026 во семејниот дом, пријавениот психички и физички ја нападнал неговата сопруга.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.К.(50) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука”. На 30.10.2026, пријавениот постапил спротивно на Решението за заштита од семејно насилство од Основен суд Берово, односно отишол во домот, агресивно се однесувал и ја вознемирувал неговата 47-годишна сопруга.

На 13.11.2026 во 19:40 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ф.П.(36) од Гевгелија. Според пријавеното, тој агресивно се однесувал кон 43-годишна жителка на Гевгелија, со која бил во врска, а воедно континуирано ја следел и вознемирувал. Лицето е задржано во Полициска станица Гевгелија, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Во текот на денот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава и тој ќе биде изведен пред судија од Основен суд Гевгелија.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.П.(42) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 05.11.2026 во гостивар, пријавениот физички ја нападнал неговата 38-годишна сопруга од Гостивар и ѝ нанел повреди

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

15.000 потписи за електронски алки за насилниците…

Петнаесет илјади граѓани за помалку од три…

Во секоја општина да се отвори семеен…

По последните случаи со насилство во Гостивар…

Грк ja истепал двојно помладата партнерка во…

65-годишен маж вчера бил уапсен на грчкиот…

Адвокатката Ристова: Обвинителството не го заштити тепаното…

По вознемирувачкиот случај на физички и психички…

Професор во средно училиште во Кичево натепал…

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68)…