Попушта браната во Неготино и може да се урне – Стојанче Ангелов на терен констатираше дека браната е нестабилна

t

По пријава од Општина Неготино, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска се наоѓа кај браната „Липа“ и како што самиот увидел, состојбата е сериозна. Браната која претставува насип од камења и земја, на повеќе места во долниот дел протекува и постои опасност од уривање.

Браната била изградена пред педесетина години од страна на земјоделска задруга и практично претставува дива брана, рече Ангелов.

Но сепак, со странска помош пред 7 години браната била реконструирана и тестирана, но сега е нестабилна, рече тој.

„Постои опасност при евентуално посилен дожд дел од браната на попушти и да биде загрозено населението кое живее подолу од акумулацијата или да бидат загрозени луѓето и нивните стада кои тука се напасуваат. Загрозен може да биде и дел од патот во овој крај. Решение мора да најдеме зашто сега акумулацијата е во државна сопственост. Можеби ќе треба акумулацијата да се испразни. Сега состојбата може да ја оцениме како сериозна зашто вода истекува на повеќе места иако до половина има вода“, изјави Ангелов.

Тој рече дека по непосредниот реализиран увид и документирање на состојбата на терен, ќе следат и наредни чекори за превентивно дејствување од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, во координација со субјектите од системот за управувњесо кризи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Торнадо му се случи на Неготино…

Торнадо му се случи на Неготино, вртлог,…

Измамен возрасен неготинец: Му дале празна наместо…

83-годишен жител на неготинско село бил измамен…

Жена од Неготино му дала на “оџа”…

Жена од Неготино на возраст од 52…

Момче од Неготино тешко повредено во Грција,…

Јани Иванов, осумнаесет-годишно момче од Неготино, познато…

Не работат само со лозје: Стебла канабис…

Полициски службеници од СВР Велес – Полициска…