Поради високите сметки за струја Австрија со финансиска помош за сите граѓани

Aвстриската влада денеска соопшти пакет помош за граѓаните погодени од наглиот раст на цените на енергенсите, придружувајќи им се на голем број европски земји кои се обидуваат да го ублажат ударот врз буџетот на домаќинствата.
Речиси сите домаќинства во Австрија ќе добијат еднократна парична помош од 150 евра, изјави во петокот во австриската престолнина канцеларот Карл Нехамер.
Посебно ранливите ќе добијат 300 евра.
Двојно поголема сума ќе добијат приближно 750.000 граѓани кои спаѓаат во категоријата особено ранливи.
Дополнително, државата одлучи да го суспендира паушалот за зелена струја годинава, со што на секое домаќинство ќе му заштеди околу 100 евра, а на просечната комерцијална компанија околу 67.000 евра, соопшти Владата.
Силен раст на цените на енергенсите
Пакетот помош од 1,7 милијарди евра е наменет за „спречување на кризни ситуации“, рече министерот за финансии Магнус Брунер.
Во Австрија, како и во многу други земји, цената на енергенсите драстично порасна во последните месеци.
Во декември трошоците за енергија беа за 24 отсто повисоки во однос на истиот месец претходната година. Нафтата за греење поскапе за 44 отсто, а бензинот за 31 отсто, потсетува агенцијата dpa.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Австрија ги суспендираше сите тековни барања за…
Еден ден по падот на режимот во…
Атентат во Австрија, убиен градоначалник: Полицајците и…
Градоначалникот на Кирхберг, Франц Хофер е убиен…
Eден метар снег во Австрија на средина…
Снегот дојде рано годинава и од вчера…
Адвокатот на осомничениот за тероризам во Виена:…
Адвокатот на главниот осомничен за планирање на…
Македонија ја победи Австрија, но остана без…
Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва ја…