Објавено на:

Хеликоптери спасиле 36 луѓе, без опрема и со деца во колички планинареле во Австрија

t

Австриската планинска спасувачка служба успешно спроведе сложена спасувачка операција со хеликоптери за спасување на 36 лошо опремени планинари од три семејства, меѓу кои и мали деца во колички, објави полицијата во Тирол денеска, објави „Кроне“.

Групата се нашла во тешкотии на надморска височина од над 2300 метри како дел од спонтано планинарење. Тие започнале од планинската точка Вилдшпицбан во близина на Зелден.

Групата која се состоела од возрасни, тинејџери и од неколку мали деца практично немала соодветна опрема, изјави портпаролот на полицијата, додавајќи дека сметката за спасувачката операција ќе им биде испратена на семејствата.

Членовите на групата биле државјани на Белгија, Обединетото Кралство, САД и на Австрија.

Семејствата се нашле на тежок и опасен терен неколку пати и повремено отстапувале од обележаната патека. На крајот, двајца членови на групата упатиле итен повик за помош.

Два хеликоптери спасиле 14 луѓе, од кои четворица со помош на витло. Планинските спасувачи спуштиле уште 22-ца во долината пеш. Никој не бил  повреден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хеликоптери спасиле 36 луѓе, без опрема и…

Австриската планинска спасувачка служба успешно спроведе сложена…

Грција започна истрага за вчерашната хеликоптерска несреќа

Грчкиот поткомитет за организиран криминал ќе спроведе…

Загинаа дански пилот и грчки офицер за…

Двајца преживеани и двајца загинати е билансот…

Седум српски камионџии се повредени во експлозија…

Седум возачи на камиони од Србија биле…

Австрија нуди до 3000 евра за доброволно…

Австриската влада најави нов пакет мерки со…